7.8 C
Скопје
01:22 - 24 март, 2026

Животот на Драгана Мирковиќ не излегол онака како што таа замислувала: „Имав поинакви соништа…“

Иако денес е една од најголемите музички ѕвезди во регионот, Драгана Мирковиќ признава дека во детството дури и не се замислувала себеси во таа улога. Напротив, кариерата во музиката не била дел од нејзините соништа.

„Како девојче, имав сосема поинакви соништа од сè што ми се случи. Секако дека сонував и сакав да бидам среќна, ако го погледнеме тоа тогаш мојот сон се оствари. Но, имав и некои други соништа – не сакав да пеам, не сакав да се занимавам со тоа и дури бев против тоа“, откри Драгана.

Иако со текот на времето изгради успешна кариера, таа признава дека сè дошло неочекувано и речиси против нејзина волја. Ѝ се допаѓала музиката, но не и идејата да настапува пред публика.

-Уште од мојата петта година, се сеќавам дека сите ме тераа да пеам. „Ајде Драгана, пеј“, потоа во училиште, потоа на настани, во културно-уметничкото друштво… Искрено, тоа беше траума за мене, воопшто не ми се допаѓаше да го правам тоа. Ја сакав музиката, но не и да бидам пред луѓе и да морам да пеам“, рече таа.

Денес, и покрај сè, животот ѝ го донесе токму она кое некогаш сакала да го избегне – сцената, публиката и огромната популарност.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....