15:14 - 7 април, 2026

Живееше за „Вардар“, а дали доби признание за тоа: Емотивни зборови за Васил Рингов

Музичарот Петар Младеновски или Пеце од „Суперхикс“ раскажа емотивна приказна за Васил Рингов, фудбалската легенда која почина вчера, по кусо боледување во Скопје.
-На еден свадбен жур во некогашното МКЦ-клуб ресторан пред 10-ина а можеби и повеќе години свирам и по свирката, надвор дур пијам пиво ми приоѓа еден господин и си правиме муабет. Ама онака .. во темнина. И ми вика
– “Добро бе не ме познаваш?”
– “Па… Вака во темницава сте ми познат”
– “Па ти…Вардарец ли си?”
– ” Сум…Ауууу ВАСИЛ РИНГОВ!!! Леле извинете ве молам! ” (се насмевна и наздравивме)
Еден од ретките кој вистински и безусловно го сакаше и живееше за Вардар а не знам колку и дали за тоа доби некакво признание. Вечна Слава и незаборав! Да живее Вардар и Македонија!- напиша Петар Младонвски-Пеце.
Фото / Фејсбук
Со својот пријател, се прости и неговиот колега, златната копаќка Дарко Панчев:

-Васе, не е фер, нè напушти прерано. Ќе ни фалиш, ќе има голема празнина во нашите седенки, нашите спортски муабети, раскажувања на анегдоти. Беше еден од најдобрите напаѓачи во 80-тите години во „екс-ју“ лигата, а заедно со тебе во Вардар бевме и веројатно најопасен и најдобар тандем во еден период.

Нѐ напушти, но зад себе остави длабока фудбалска трага и огромно спортско богатство за Македонија. Нека ти е лесна земја, а вечна слава секако имаш- рече Панчев.

Слични објави

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin
Се вчитува....