18:11 - 8 април, 2026

Жестока расправија меѓу Цеца и Снежана Ѓуришиќ: „Немој да се расправаш со мене додека зборувам!“

Цеца Ражнатовиќ влезе во остар конфликт со постарата колешка Снежана Ѓуришиќ во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а расправијата започнала поради еден кандидат.

Нивната дискусија брзо ескалирала, па двете почнале да викаат една на друга.

– Тука владее демократија и секој може да пее што сака! – викала Цеца, додека Снежана ѝ возвраќала:

– Немој да се расправаш со мене, немој додека јас зборувам!

Но, Цеца не се откажала и продолжила да ја брани својата позиција.

– Па сакам, Снежо, да се расправам со тебе ако не мислам исто како тебе – додала таа.

Додека студиото било на работ да зоврие поради нивната кавга, подоцна следела сосема поинаква сцена. Дара Бубамара ѝ пришла на Снежана на сцената, ја бакнала во образ и ѝ упатила убави зборови.

– Те сакам затоа што си правична, те бакнувам – рекла Дара, на што Снежана ѝ се заблагодарила.

Слични објави

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо
Се вчитува....