15:13 - 7 април, 2026

Жените во Иран извојуваа голема победа – се укинува моралната полиција

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција.

„Моралната полиција нема никаква врска со судството и затоа е укината“, изјави Џафар Монтазери, главен обвинител на Иран, пренесе АФП.

Покрај тоа, Иран најави дека ќе го преиспита деценискиот закон со кој се бара од жените да ги покриваат главите, бидејќи се бори да ги задуши повеќе од двомесечните протести поради строгиот кодекс на облекување.

Протести го зафатија Иран по смртта во притвор на 16 септември на Махса Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, која беше уапсена од полицијата за морал поради наводно кршење на шеријатскиот закон.

Од смртта на Амини, сè поголем број жени не носат хиџаб, особено во модерниот северен дел на Техеран.

„И парламентот и судството работат (на прашањето) дали законот треба да биде изменет“, изјави вчера иранскиот државен обвинител Мохамад Џафар Монтазери.

Според новинската агенција ИСНА, тој не прецизирал што може да се смени во законот со одлуката на тие две тела, кои се во мнозински раце на конзервативците.

Претседателот Ебрахим Раиси вчера изјави дека темелите на иранската република и исламот се запишани во уставот.

„Но, постојат методи за спроведување на уставот кои можат да бидат флексибилни“, рече тој во телевизиско обраќање.

Хиџабот стана задолжителен за сите жени во Иран во април 1983 година, четири години по Исламската револуција која ја собори монархијата поддржана од САД. Останува многу чувствително прашање во земја каде што конзервативците инсистираат на тоа дека хиџабот треба да биде задолжителен, додека реформистите сакаат да го остават на индивидуален избор.

Откако хиџабот стана задолжителен со закон, со промената на стандардите за облекување, стана вообичаено да се гледаат жени во тесни фармерки и широки, шарени шамии. Но, во јули оваа година, Раиси, ултраконзервативец, повика на мобилизација на „сите државни институции за спроведување на законот за носење шамии“.

Слични објави

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin
Се вчитува....