09:39 - 29 јануари, 2026

Жељко Јоксимовиќ закупил 11 датуми за концерти, а сега им ги препродава термините на колеги

Жељко Јоксимовиќ пред извесно време закупил дури 11 термини за концерти во реновираниот Сава центар во Белград, за декември 2025 година.

Планот му бил да направи серија настапи на крајот од годината за да го одбележи претстојниот јубилеј – три децении успешна кариера – на величествен начин. Ова би го срушило рекордот што претходно го држеше Марија Шерифовиќ со осум настапи во реновираниот Сава центар.

Сепак, Јоксимовиќ реши да се откаже од серијата концерти, па затоа платените термини им ги нуди и им ги препродава на колегите од естрадата.

Според информациите од српските медиуми, изнајмувањето на престижната сала за една вечер чини 25.000 евра, што значи дека Жељко однапред издвоил дури 275.000 евра за сите 11 датуми. Иако се очекуваше пејачот со денови да ги изведува своите најголеми хитови пред публиката во декември, Јксимовиќ ги промени плановите и сега сака да ги врати вложените пари продавајќи ги слободните термини на оние кои планираат настапи во тој период.

„Жељко сакаше да направи спектакл, но во меѓувреме одлучи дека декември не му одговара од неколку причини, главно деловни. Со оглед на тоа што го потпиша договорот со кој се согласи со фактот дека, доколку одлучи да не ги одржува концертите, Сава Центарот не е должен да ги врати парите за однапред платените датуми, реши термините да им ги препродаде на своите колеги. Сè уште има време дотогаш, се надева дека ќе успее во тоа“, рече извор за Курир.рс.

Засега, цената за термините за еден концерт останува непроменета.

„Тој сигурно ќе им ги даде термините на другите пејачи по истата цена што тој ја платил, односно за 25.000 евра. Неговата цел не е да заработи пари од ова, сигурен сум во тоа. Слушнав дека е должен да ги извести раководителите на Сава Центарот за откажувањето на концертот, па во тој случај има право да добие нов датум за неколку месеци. Значи, нема враќање на парите ако не го одржи концертот, но постои можност да добие друг датум. Во моментов, најмногу му одговара да ги препродаде тековните датуми бидејќи не знае кога ќе биде подготвен да одржува концерти“, рече изворот.

Според пишувањето на српските медиуми, Јоксимовиќ не се огласувал по повод ова.

Слични објави

Скандал во Монако: Мелина Џиновиќ направила хаос во луксузен бутик поради чанта

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 јануари: Не брзајте со одлуките

apostolova

Прво огласување на Николија и Реља по шпекулациите за неверството на пејачот: Познатиот пар никогаш не бил поискрен за својот однос!

Еспресо

Бресквица откри зошто нема потреба од обезбедување: „Тие ме научија како да се однесувам“

E.A.

(Видео) Зошто Данијела Димитровска носела марама на главата во текот на целата венчавка? 

Еспресо

(Фото) Да се растопиш од милина: Прва фотографија на Огњен Амиџиќ со новородената ќерка

Еспресо
Се вчитува....