23:00 - 6 април, 2026

„Завршив кај психијатар и на лекови“: Луна Ѓогани со солзи за скандалозната афера од „Задруга“

Луна Ѓогани неодамна отворено зборуваше за животот со сопругот Марко Миљковиќ, со кого има и заеднички Јутјуб канал што, според неа, во 2025 година им донел заработка од околу 400.000 евра. Но, во емисијата на Славица Ѓукиќ Дејановиќ, таа се врати чекор назад и се присети на тешките последици што ги оставил нејзиниот престој во реалното шоу „Задруга“.

Во емотивна исповед, Луна со солзи во очите откри низ што поминувала по излегувањето од „Задруга 1“. Иако емисијата сè уште не е целосно емитувана, најавата веќе предизвика бурни реакции во јавноста. По тој повод, Ѓогани се огласи и на Инстаграм.

„Ги молам сите ‘душебрижници’ да не носат заклучоци само врз основа на кратки исечоци – за што зборував и зошто плачев. А до оние кои и по осум години сакаат да пишуваат дека сум заслужила сè, им порачувам: не судете, никогаш не знаете што може животот да ви донесе“, напиша таа.

Во емисијата, Луна откри дека по учеството во ријалитито не можела лесно да продолжи понатаму.

„Не можев да се вратам во нормален живот, сè ме прогонуваше. Завршив кај психијатар и на лекови. Никој не сакаше да биде поврзан со името Луна Ѓогани…“, признала таа.

 

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....