11:53 - 29 март, 2026

За здравствената состојба на Зорица Брунцлик се молчи, на Кемиш му пристигнала емотивна порака

Пејачката Зорица Брунцлик веќе неколку недели не се појавува во јавноста, што особено се забележа во последните емисии на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ , каде што таа е член на жирито. Причината за нејзиното отсуство се здравствени проблеми, поради кои била оперирана на 12 февруари.

Според информации на српските медиуми, пејачката неодамна имала и уште една медицинска интервенција, што дополнително ја усложнило нејзината здравствена состојба.

За Брунцлик се грижи тим на лекари и професори од белградската болница „Драгиша Мишовиќ“, кои прават напори нејзината состојба да се стабилизира.

„Состојбата на Зорица ја следи тим од врвни стручњаци, професори и лекари од болницата ‘Драгиша Мишовиќ’. Минатата недела ѝ беше извршена цистоскопија, а лекарите прават сè за нејзината состојба да се стабилизира и да се подобри“, изјавил извор за медиумите.

Цистоскопијата е медицинска процедура со која се прегледува внатрешноста на мочниот меур и уринарните патишта, а често се користи за утврдување на причините за одредени здравствени тегоби.

Во меѓувреме, на снимањето на шоуто се појавија членовите на жирито Ѓорѓе Давид, Александар Милиќ Мили и Ана Бекута. На прашањето дали се слушнала со Брунцлик, Бекута кратко одговорила дека не разговарале.

„Не знам, не знам ништо, а и да знам – не би коментирала. Не се слушнавме, само им испратив две срца на Кемиш и на неа“, изјавила Бекута.

Пејачката во овој период е опкружена со семејството и лекарите, а нејзините обожаватели се надеваат дека здравствената состојба наскоро ќе се подобри.

Слични објави

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.
Се вчитува....