14:42 - 12 јануари, 2026

Вук Моб ја запроси девојката, но свадбата е одложена: Раперот откри што се случува

Раперот и ријалити-ѕвезда Вук Моб неодамна ја запроси својата девојка Александра, но свадба сепак нема да има наскоро. Иако веста за веридбата предизвика големо внимание и денови наназад е тема на социјалните мрежи, парот решил да почека со венчавката поради семејни причини.

Имено, како што пренесуваат српските медиуми, свадбата е во план, но ќе се одржи дури откако ќе се ожени братот на Вук, Тадија, кој своето венчавање го закажал за летово.

„Александра деновиве постојано го држи телефонот во рака – честитки ѝ пристигнуваат без престан. Навистина многу луѓе ѝ се јавија по веридбата. Тие двајца многу се сакаат и тоа го знаат сите што ги познаваат. Како што стојат работите, нивната свадба ќе биде по венчавката на Тадија, најверојатно кон крајот на август или почетокот на септември“, открива извор близок до парот.

Иако официјално сè уште нема потврден датум, пријателите велат дека Вук и Александра веќе функционираат како брачна двојка.

„Тие живеат заедно и се однесуваат како да се одамна во брак. Толку се складни што имате чувство дека се заедно цел живот. Се сретнале во вистинскиот момент и двајцата делуваат позрело и посмирено од кога било“, додава изворот.

Овие информации ги потврди и самиот Вук.

„Ви благодарам на честитките. Мојот брат веќе ја закажа свадбата за лето и не сакам да му се мешам со терминот. Одиме чекор по чекор, ние сè уште не сме одлучиле“, изјави Вук со насмевка.

Веридбата ја потврди и Александра преку социјалните мрежи, каде покрај фотографија и емотикони напиша:

„Реков ‘да’ на човек кој знае дека љубомората доаѓа од љубов и дека телефонот секогаш треба да стои со екранот нагоре.“

Слични објави

По ова е посебен Кико, свршеникот на Ивона Јо, има и добар бизнис

msp-admin

(Фото) Луна Ѓогани ѝ пркоси на зимата: На минус 5 се „стегна“ во мини фустан, а на нозете само сандали

Еспресо

(Видео) Антониа искрено за неверството, го спомена и сопругот

msp-admin

Ќерката на Чола позира во скапа бунда, а дечкото ги влече куферите: Уна Чолиќ откри дека е во Скопје со 10 години постариот партнер

apostolova

(Фото) Бојана Скендеровски си замина од Македонија, во потопла земја

msp-admin

Проговори за зетот и за снаата: Адријана Алачки со ретка семејна приказна

msp-admin
Се вчитува....