7.8 C
Скопје
10:01 - 1 април, 2026

Вучиќ: Глупост е дека на Моладавија ѝ пречи како Бреговиќ ја пее „Калашников“

Не верувам дека е можно една земја да реагира на таков начин. Верувам дека ќе имаме можност да разговараме за ова со нашите молдавски пријатели и да решаваме такви работи во иднина, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во Атина на прашањето за забрана за влез на музичарот Горан Бреговиќ и членовите на неговиот бенд во Молдавија, каде што требаше да имаат концерт.

На Бреговиќ му беше забранет влезот поради, како што соопштија молдавските власти, неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим.

Вучиќ рече дека немал можност на оваа тема да разговара со претседателката на Молдавија, Маја Санду, која е на самитот во Атина со него и со други лидери на земјите од Западен Балкан и Украина.

„Кога видов дека на некого во молдавската јавност му пречи Бреговиќ како ја пее песната „Калашников“, тогаш застануваш и се прашуваш што е ова луѓе? Како да слушам некои луѓе во Белград. Тогаш разбираш дека се такви глупости што доаѓаат од социјалната мрежа“, рече Вучиќ.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....