15:40 - 5 декември, 2025

Врие во „Ѕвезде Гранда“, нови обвинувања сега против Босанац: „Сите од жирито земаат пари, а сè е однапред наместено“

Не стивнува аферата околу музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“ во која натпреварувачот Душан Вукадиновиќ ја обвини Снежана Ѓуришиќ дека му барала пари за да помине во следниот круг на натпреварувањето!

Иако креативниот директор Саша Поповиќ ја негираше точноста на овие наводи, Душан и неговата мајка Ната излегоа со нови тврдења против прославената пејачка, а во целата афера го вмешаа и Драган Стојковиќ Босанац.

Душан рече дека доживеал саботажа на еден од настапите кога матрицата за песната била превисока во споредба со тоа како вежбал.

– Сите забележаа дека се гушам поради високиот тоналитет. Ноќта претходно ја растурив песната, а сега гледам дека матрицата ми е висока, сите забележаа… Пеев, но не се слушав. Се свртев кон Снежана, ги раширив рацете во стил матрицата не ми е добра, а таа ми вели: „Што е со тебе“ – рече Душан и додаде:

-Постојано прашуваше каде е мајка ми, а потоа конечно се сретнаа, рекол Душан, а во разговорот се вклучила и неговата мајка Ната, пренесува српско еспресо.рс.

– Таа седна пред мене и ми рече: „Потекнувам од воено семејство. Вашето дете нема да помине во следниот круг ако не ми дадете пари, пари, пари“. Таа клекна пред мене за да не слушнат другите. Се колнам дека ова е вистина. Јас сум обична жена, но сакам да испратам порака до сите за да знаат што се случува таму – изјави таа за телевизијата Хајп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Snezana.Djurisic (@snezana.djurisic_)

Дополнително, Душан неодамна изјави дека од самиот почеток слушнал дека „Ѕвезде Гранда“ се наместени и дека и другите членови на жирито бараат пари од нивните конкуренти.

– Сите го знаат тоа. Ми кажаа, но не ми беше грижа, ниту пак верував. Сите од жирито земаат пари. Еден дечко кој се натпреваруваше минатата година ми кажа дека Босанец му барал пари – објаснува Душан.

Босанац пак реагираше со зајадлив и шеговит коментар на ова тврдење.

– Кога сите жени би објавиле што се сум тражел од нив, а не сум добил и кога јас би објавил што тие барале од мене, а не добиле, е тоа би било за пишување – порача кратко Босанац за српски „Ало“.

 

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....