6.8 C
Скопје
08:44 - 1 април, 2026

Вонредно метео од Попоски: Опасност од нови поројни поплави, еве кога

Под влијание на циклонска активност, и на влажна, топла и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, во следните десттина, до петнаесет денови и понатаму времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во претпладневните часови.

Од пладневните часови ќе биде нестабилно, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд и ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Локално во следните десттина денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60 – 70 л/м2), па затоа АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ, поради тоа што постои опасност од локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.

Во Скопје исто така во следните десттина денови ќе има честа појава на попладневна нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е појава на НЕВРЕМЕ и во делови од Скопската котлина.

Температурите на воздухот остануваат без поголеми промени, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26, 27 степени- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....