01:52 - 7 април, 2026

Водителката Деа Ѓурѓевиќ е бремена!

Водителката на телевизија „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ, е бремена и во 2026 година за првпат ќе стане мајка.

Таа и нејзиниот партнер Лазар за радосната вест дознале кон крајот на оваа година, што ги исполнило со голема среќа.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Деа и Лазар пред неколку дена ја потврдиле бременоста, а веста ги израдувала не само нив, туку и членовите на нивните семејства, кои со нетрпение ја очекуваат новата принова. Водителката на утринската програма долго време посакувала да се оствари во улогата на мајка, па оваа убава вест донела огромна радост и за неа и за нејзиниот партнер. Посебно среќна е и мајката на Деа, Нена, која со возбуда го очекува моментот да стане баба.

Да потсетиме, Деа беше во долга емотивна врска со својот колега Младен Мијатовиќ, која заврши минатата година.

Во една претходна изјава, таа откри дека токму со Младен ја доживеала најдлабоката партнерска и љубовна врска во животот, истакнувајќи дека тоа била најотворената и најискрената врска што ја имала, како и единствената во која живеела со партнер. Иако имала љубови и пред тоа, нагласила дека ниту една не била како оваа, додавајќи дека последната емотивна врска најчесто се сака најсилно.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....