04:06 - 20 декември, 2025

Ви здодеа Омикрон варијантата на коронавирусот? Нема крај – доаѓа нова мутација, еве што велат научниците

Истражувачите ги проучуваат следните потези на Ковид-19 (за да ги предвидат), додека земјите го чекаат крајот на брановите предизвикани од варијантата БА.5. Конкретно, постои подваријанта на Омикрон наречена BA.2.75 и прекар „Кентаур“ која рапидно расте во Индија. Некои научници, во напис во Nature, алармираат, додека други велат дека е рано да се каже дали варијантата ќе се прошири нашироко.

BA.2.75 е откриен во повеќе од 20 земји ширум светот и истражувачите чекаат да видат дали бројот на случаи ќе се зголеми. Голем број на студии сугерираат дека двете варијанти имаат повеќе или помалку слични способности да го избегнат имунитетот стекнат од вакцините. Ова сугерира дека „Кентаур“ можеби нема да ги прошири случаите надвор од Индија (каде што стапката на хоспитализација или смртност сè уште не се зголемува), барем не додека имунитетот на населението е висок и пред варијантата да добие многу други дополнителни мутации.

Индија е епицентарот на ширењето на BA.2.75. Оваа лоза оптоварена со мутации еволуираше од подваријантата BA.2 на Омикрон, која широко се рашири на почетокот на 2022 година. Истражувачите во Индија секвенционираа повеќе од 1.000 примероци од оваа варијанта од мај. Податоците сугерираат дека околу две третини од новите случаи во моментов се предизвикани од BA.2.75, вели Шахид Џамел, виролог на Универзитетот во Оксфорд, Англија, кој претходно го предводеше индискиот конзорциум за секвенционирање Sars-Cov-2.

Бидејќи бројот на случаи поради оваа варијанта на Омикрон сè уште не е голем, нема прецизни податоци за симптомите. Но, кога се зборува за Ковид, симптомите се чини дека не се разликуваат од другите варијанти и подваријанти.

Така може да се појави како нормален грип, со кашлица, настинка, треска, замор и болки во мускулите, но може да има и респираторни компликации. Како што е констатирано во овие пандемични години, многу зависи и од возраста на пациентот и присуството или отсуството на претходни болести.

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....