7.8 C
Скопје
10:37 - 1 април, 2026

Во „Строго доверливо“ Елизабет Харли води љубов со жена, филмот го режира нејзиниот син Демијан

Режисерот Демијан Харли е син на познатата британска актерка Елизабет Харли.

Дејли мејл пренесува дека Демијан го режирал филмот „Строго доверливо“ во кој неговата мајка има еротски сцени со друга жена.

Филмот ја следи животната приказна на Миа додека таа е вовлечена во „свет на секс, дволичност и предавство“, а Демијан е пресреќен како сето тоа испаднало.

„Сите вклучени во проектот заслужуваат јавни изјави за обожавање, но во моментов ѝ се восхитувам на мајка ми Лиз која за време на снимањето на мојот прв краток филм во 2010 година (кога имав 8 години) вети дека ќе биде во мојот прв долгометражен филм и таа остана доследна на зборот“, напиша Демијан на мрежите и додаде:

„Штом овој филм доби зелено светло, мама остави сè и се упати кон прекрасните Кариби. Заедничката работа беше мојот сон“.

Ова не е прв пат Лиз да глуми во еден од проектите на нејзиниот син. Минатата година таа одлета во Сент Китс и Невис за неговиот краток филм „Момчето на плажата“.

 

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....