-1.2 C
Скопје
05:47 - 11 март, 2026

(Видео) Згодната Британка: Викторија Бекам си се прошета без градник низ Њујорк


Викторија Бекам (51) на шопинг во Њујорк во четвртокот се појави во лежерно, но елегантно издание. Поранешната „спајс грл“ и денешна модна креаторка носеше бела памучна маица во комбинација со сива миди сукња, црвени потпетици и препознатливите големи очила за сонце. Во рака носеше тиркизна „Биркин“ чанта.

Појавувањето доаѓа во период кога Нетфликс го најави новиот документарец посветен на нејзиниот живот и модна кариера, кој премиерно ќе биде прикажан на 9 октомври. Продукцијата е од креаторите на „Бекам“ и документарецот за Мишел Обама „Becoming“.

Серијата ќе понуди ексклузивен поглед зад сцената на модната и козметичката империја на Викторија, како и нејзиниот пат од членка на „Spice Girls“ до успешна дизајнерка. Во проектот ќе се појават и сите нејзини деца – Бруклин (26), Ромео (23) и Круз (20). И покрај наводните несогласувања, Викторија одлучи да ги задржи сцените со најстариот син Бруклин, меѓу кои и момент од Париската модна недела во септември 2024 година, кога тој ѝ помогна да се расчисти пистата по дождот.

Нејзиниот сопруг, фудбалската легенда Дејвид Бекам, кој веќе имаше огромен успех со документарецот „Бекам“, изјави дека било тешко да ја убеди Викторија да прифати ваков проект:

„Таа е неверојатно вредна и паметна жена. Луѓето заслужуваат да видат што сè вложува во својот бизнис,“ истакна Дејвид.

Документарецот ветува автентичен приказ на семејството Бекам и модната приказна на Викторија, со интимни моменти, но и со нагласок на нејзината професионална посветеност.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....