5.8 C
Скопје
15:55 - 23 февруари, 2025

(Видео) Замина еден од најголемите композитори – ни го остави евергринот на сите времиња „Raindrops Keep Falling on My Head“

Американскиот пејач, текстописец, пијанист, продуцент и еден од најголемите композитори во историјата на поп-музиката, Бaрт Бакерах почина на 94-годишна возраст од природна смрт.

Го дочекал својот крај завчера во својот дом во Лос Анџелес, Калифорнија, опкружен со најблиските. Семејството во овие мигови моли за невознемирување.

Американската пејачка Диона Ворвик беше меѓу неговите омилени соработници, соавтор на хитот од 1985 година – „That’s What Friends Are For“, во којшто учество зедоа Елтон Џон, Стиви Вондер и Гледис Најт.

Бакерах беше номиниран за „Греми“ награда и освои шест статуетки. Исто така, тој е трикратен добитник на „Оскар“.

Неговата песна „Raindrops Keep Falling on My Head“, изведена од Би-Џеј Томас за филмот „Буч Касиди и Санденс Кид“, освои и „Греми“ и „Оскар“ во 1969 година.

Беше коавтор на насловната песна од извонредната комедија „Артур“ заедно со Кристофер Крос за која добија Оскар.

Бакерах е автор на хитови, како „Raindrops Keep Fallin’ On My Head“ од познатиот филм. Текстописецот и пијанист напиша стотици песни од 1960-тите до 80-тите, од коишто добар дел – со неговиот долгогодишен текстописец Хал Дејвид, кој почина во 2012 година на 91-годишна возраст.

Бакерах има напишано хитови за многу познати уметници, како што се Сила Блек, Дасти Спрингфилд, сер Том Џонс и „Карпентерс“.

 

Слични објави

(Фото) „Ти благодарам Господе!“: Ирина и Павле Камилоски ги слават првите 40 дена со Лена!

Еспресо

Аца Лукас со шокантна исповед: Бев интимен со Ана Севиќ пред да се омажи за Дарко Лазиќ, а потоа и пред крајот на мојот брак

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац ужива за сите пари во Дубаи: Пејачката во костим за капење ги остави мажите без здив

Еспресо

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Лавовите во мака поради пари, Вагите поради обврски, а вие?

Еспресо

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо
Се вчитува....