7.8 C
Скопје
02:27 - 23 март, 2026

(Видео) Ведрана Рудан брутално „удри“ по Јована Јоксимовиќ: „Не сте вие нешто убава, ја би била поубава да ги имам вашите пари“

Се уште се раскажува гостувањето на писателката Ведрана Рудан од пред една година во утринската програма која ја води Јована Јоскимовиќ.

Имено, на социјалните мрежи повторно стана вирално видеото на кое Ведрана Рудан се обидува да ја навреди сопругата на пејачот Жељко Јоксимовиќ поради нејзиното богатство и физички изглед.

– Да бев платена како тебе, веројатно ќе изгледав поубаво од тебе – рече Рудан, а Јована одговорила: „Нешто не се потрудив?“

– Па, не сум баш сигурна. Не сте вие нешто убави, затоа што не сте вложиле во себе. Погледнете ме мене, а погледнете се себеси. Зошто сте вие така убави, а јас не сум? Мислам дека би била многу поубава да ги имам вашите пари – вели Ведрана.

– Мислите дека нешто вложив во својот изглед? Што те се фатиле за моите пари? Какви пари? – праша водителката.

– Штом вас ве видам со три деца, со најнов џип. И кога ќе видам некој што вози два автомобила од 500 илјади евра и купил од Кариќ вилиште, можам само да кажам „вау“. А каде е тука правдата – истакнува писателката.

– Јас добро с еомажив, одговара Јована Јоксимовиќ.

– Или Жељко добро се оженил? – прашува Ведрана.

– Јас добро се омажив, и тој супер се ожени – смета Јована.

– Мислам дека тој подобро се оженил отколку што вие сте се омажиле, но добро – заклучува Ведрана за крај.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....