Ја нарекоа „ментална“, „болна“, одвратна“, и како уште не. Бети Котовчевска-Бетика, ресенчанката позната како „ледената кралица“, на Фејсбук ги објави сите навредливи коментари кои ги добила.
Дел од нив се многу вулгарни, а сите се однесуваат на нејзиниот начин на живот, капењето во студена вода кое ја излечило по тешката собраќајка.
-Алооо, треба да раѓаш, ментаална, монтирано е ова, облечи се, ќе настинеш чупе, ќе останеш без бубрези, ова не е за жена, не си играј, не ќе можеш да раѓаш мори ментална…

Сѐ е ок ама зоштио бикини, одвратна си. Оди дома прави ручек, кај одиш мори гола, ќе се каеш, памет во глава, болесничка- се дел од овие коментари. На социјалните мрежи, Бетика објасни што ја инспирирало да го објави ова видео во кое ги раскажува сите навреди.
-Online судии, во живо штама. Ова се зборови од мои браќа и сестри, мајки, татковци, баби, дедовци -Македонци. Ова е мојот народ. Зад овој профил стојам јас. Се викам Бети, а уметничкото име ми е Бетика.
Изгледам „мадафака“, ама душата ми е нежна, тивка и многу стара. Ова е реалната слика на социјалните медиуми. Место каде што си изложен на илјадници енергии, на мисли што не се твои,
на зборови фрлани од луѓе што никогаш не застанале пред сопственото огледало.
Не е лесно. Особено кога трулата енергија се храни од осуда, страв и незалечени рани,
па пука по туѓи животи за момент да не го чувствува својот. Лошите коментари не ги издвојувам за да ги величам.
Ги издвојувам за да се види вистината. Затоа што кога ќе одлучиш да бидеш своја,светот прво ќе проба да те скрши —пред да те прифати. Мораме да го видиме црното
за да ја препознаеме светлината. Сенките не се тука да нè уништат,
туку да нè научат колку сме силни. А болката… таа само нè потсетува колку љубов носиме,дури и кога не знаеме каде да ја ставиме.
Почетокот за малото Бетиче беше тежок. Дојдов со чиста мисла и отворено срце
да ја споделам мудроста на мојата душа. Наместо прегратка, добив брутални осуди.
Тогаш бев мала да разберам дека туѓата злоба никогаш не зборува за мене.
Се тажев. Болеше. Болеше сознанието колку непроцесирана болка живее во луѓето. Денес сакам да ѝ се заблагодарам на оваа Бети. Што помина низ мракот и не дозволи тој да ѝ стане дом,што остана силна и на разумот и на душата. Што продолжи, иако немаше гаранција дека ќе биде разбрана. Со сета љубов и благодарност до сите мои верни души што ме следат. Ви благодарам што можете вистински да ме видите.
За крај: До сите жени — кралици. Почнете да живеете. Не кога ќе бидете „спремни“,
туку сега. Носете се како што сакате. Смејте се гласно. Бидете нежни и диви во исто време. Светот ќе зборува и вака и така — затоа изберете да бидете свои. А јас ќе бидам тука.
Со срце отворено и со тон љубов кон човештвото.
Инспирирана од @_anekta решив да направам серијал ” Македонска поезија од коментари”. Пишете ми кој ви е омилен ? – објави Бетика до ова ВИДЕО.

