6.8 C
Скопје
06:09 - 31 март, 2026

(Видео) Тешко болната Селин Дион пристигна во Париз: Непрепознатлива

56-годишната канадска пејачка Селин Дион пристигна во хотел во Париз во пресрет на Олимписките игри.

Ѕвездата, која отворено зборуваше за нејзината борба со синдромот на неизлечива мускулна вкочанетост, во новиот документарен филм, сега блесна со насмевка во главниот град на Франција.

Селин носеше предимензионирано црно сако и бела кошула и широки панталони кои прикриваа колку е ослабната. Изгледот го надополни со мокасини и очила за сонце.

По нејзиното неодамнешно ветување дека ќе им се врати на настапите, на интернет почнаа да се шират гласини дека Дион може да пее на церемонијата на отворање на Олимписките игри во француската престолнина.

Славната личност, чија болест предизвикува сериозни грчеви, се подготвува за 70-минутен настап на есен по четиригодишна пауза. Изворите рекоа дека пејачката ќе се врати на сцената и веројатно ќе одржи екслузивн концерт во Ресорт Ворд Театар – за време на Гран-при во Лас Вегас, во ноември годинава.

Во декември 2022 година, актерката објави дека ѝ е дијагностицирано исклучително ретко нарушување што предизвикува мускулите на телото и екстремитетите наизменично да се грчат и да бидат дотолку крути што едвај се движи.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....