Новата снимка на Теа Таировиќ од нејзиниот настап ги „запали“ социјалните мрежи, а фановите непрестануваат да шпекулираат за една работа – дали пејачката е бремена?
На социјалните мрежи се појави видео од настапот на Теа Таировиќ кое моментално покрена лавина коментари. Фановите масовно го поставуваат истото прашање, дали пејачката е трудна?
Имено, Теа настапи во тесен црвен фустан кој го истакна нејзиниот стомак, а токму тоа на многумина им падна во очи. Во коментарите под видеото се нижеа шпекулации, додека поединци тврдеа дека таа изгледа поинаку од претходно, што дополнително ги подгреа сомнежите.
„Дали таа вака трудна танцува?“, „Бремена ли е?“, „Мене ми делува како да е трудна“… се само дел од коментарите под видеото.
View this post on Instagram
Претходни шпекулации
Ова не е првпат да се покренува оваа тема. За бременоста на Теа Таировиќ веќе се пишуваше во медиумите, а посебно внимание предизвика и изјавата на една гатачка која тврдеше дека пејачката наскоро ја очекува принова.
Иако тие тврдења никогаш не беа потврдени, приказните продолжија, особено по нејзината венчавка, кога многумина веруваа дека е само прашање на време кога ќе стане мајка.
И додека едни сметаат дека се работи само за незгоден агол на снимање и кројот на фустанот, други се убедени дека „има нешто повеќе“. Пејачката досега сè уште се нема огласено по овој повод.
