03:21 - 12 март, 2026

(ВИДЕО) Стивен Спилберг го претстави својот најинтимен филм досега, трејлерот е оригинален

Стивен Спилберг го претстави својот најинтимен и најличен филм досега. Фабелманови е полуавтобиографска приказна за раѓањето и детството на Спилберг.

Филмот следи момче во неговите најчувствителни години кое открива шокантна семејна тајна која потоа го поттикнува да вплови во филмскиот свет. За сценариото се заслужни Спилберг и драматургот Тони Кушнер, добитник на Пулицерова награда, кој за претходните филмови на Спилберг, Линколн и Минхен, заработи номинации за Оскар.

Во актерската екипа се Габриел ЛаБел како 16-годишниот амбициозен режисер Семи Фабелман, Мишел Вилијамс како неговата мајка Мици, Пол Дано како неговиот успешен татко Бурт, потоа Сет Роген како Бени Лоеви, најдобриот пријател на Барт и почесен „вујко“ на Фабелмановите деца, и Џад Хирш како чичко Борис.

Филмот имаше премиера на филмскиот фестивал во Торонто, а Спилберг во таа прилика изјави дека со него се обидел „да најде начин да ги врати тато и мама“.

Неговата мајка починала во 2017 година на 97-годишна возраст, додека неговиот татко починал во 2020 година на 103-годишна возраст.

Спилберг рече дека првично се надевал дека ќе му биде лесно да го сними овој филм бидејќи „ги познава ликовите цел живот“. Сепак, се покажало дека не е така лесно.

„Се покажа како застрашувачко искуство за мене бидејќи се обидов да реконструирам огромен дел не само од мојот живот, туку и од животот на моите сестри, мајка ми и татко ми, кои повеќе не се со нас“, рече режисерот.

Филмот стигнува во кината кон на крајот на годинва.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....