02:39 - 8 април, 2026

(Видео) Род Стјуард запеа со гајдите на свадба на синот во Дубровник: Се јаде далматинска храна, гостите ги забавува клапа

Род Стјуарт е несомнено една од најголемите рокенрол легенди и еден од најпродаваните музичари на сите времиња, па затоа нема потреба да ве чуди огромниот интерес за венчавката во Дубровник на неговиот син Лиам и неговата избраничка Никол Артукович која се случува денес. Парот се заколна на вечна љубов пред Бога и сведоци во црквата на језуитите во Дубровник.

Како што пренесуваат хрватските портали, дождот кој почнал да паѓа пред церемонијата не успеал да го расипе доброто расположение на младенците и нивните гости, вклучително и на членовите на нивните многубројни семејства.

Новопечената невеста Никол Артукович пристгнала пред црквата по најсилниот дожд во друштво на нејзината кума Ела Бокавшек, сопственичка на култната сплитска Бокариа, и деверушите облечени во розови фустани, сите биле под чадори.

По излегувањето од црквата засвиреле гајди, со оглед на тоа дека Род Стјуард е со шкотско потекло. Род Стјуард запеал со гајдите.

Гостите понатаму на свадбата ќе ги забавува диџеј, а ќе има и други изненадувања. Младенката за овој голем ден посакала да ѝ пее далматинска клапа, но да има и девојки во традиционална носија кои ќе нудат пијалоци за гостите. Ќе се сервира храна по традиционално мени на градот Дубровник, пренесува хрватски Тпортал.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....