11.8 C
Скопје
13:48 - 27 октомври, 2026

(Видео) Прва снимка на Александра Пријовиќ по породувањето: Запеа покрај баба ѝ и ги раснежни фановите

Пејачката Александра Пријовиќ првпат по своето неодамнешно породување сподели дел од атмосферата на нејзиниот роденден. Таа го прослави во интимна семејна атмосфера, со најблиските пријатели и роднини, а центар на вниманието беше нејзината баба.

На видеото кое го објави на својот Инстаграм, Пријовиќ ја отпеа песната „Од изворa два патиќа“, со што предизвика лавина емоции кај присутните. Особено трогната беше нејзината баба, која во еден момент ја прегрна и бакна, а немаше гостин кој остана рамнодушен.

Александра објави и фотографија со својот сопруг Филип Живојиновиќ, во чија прегратка блескаше од среќа. Филип, пак, ја изненади јавноста со емотивна порака по повод нејзиниот јубилеј.

„За овие 30 години животот ти подари многу… За наредните 70 нека не ти се симне насмевката од лицето, сакај и знај дека си сакана. Среќен роденден, мамо“, напиша тој.

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....