09:54 - 1 февруари, 2026

(ВИДЕО) Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не се добредојдени на Карибите: Населението ги дочекало со протести

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон престојуваат во Белизе, една од членките на Комонвелтот, но нивната посета не започнала баш најдобро. Дел од граѓаните на оваа мала земја на брегот на Карибите организирале протести поради кои војводите од Кембриџ морале да го откажат својот прв ангажман таму.

Белизе, мала централноамериканска земја, поранешна британска колонија и лулка на цивилизацијата на Маите, е дестинација што ја посетуваат членовите на британскиот двор од 1936 година. Токму таму принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја започнаа својата прва турнеја во странство по двегодишна пауза од долгите патувања.

Војводите пристигнале на Карибите полни со ентузијазам, но дел од локалното население не им приредило топло добредојде. Светските медиуми пишуваат за протестите на жителите на селото Индијан Крик.

Овој народ со векови се занимавал со земјоделство, а во рамките на нивната посета принцот и војвотката планирале да ја посетат тамошната фарма за какао.

Населението на селото Индијан Крик еден ден пред официјалното пристигнување на кралската делегација орханизирало протест со плакати на кои пишувало дека принцот Вилијам не е добредојден таму.

instagram

„Принцу Вилијам, напушти ги нашите имоти“, пишувало на еден, додека други ја идентификувале оваа посета на војводата од Кембриџ со колонијализам.

Youtube
Youtube

Протоколот требало да го вклучи и пристигнувањето на кралската двојка со хеликоптер на фудбалското игралиште во селото, на што жителите жестоко се спротивставиле, посочувајќи дека за тоа никој претходно не ги известил ниту побарал дозвола. Дополнително, селаните истакнале дека нивните надредени политичари им наредиле да се согласат на сѐ и да изгледаат среќно пред камера.

За да се избегнат дополнителни немири, парот ја откажал посетата и во моментов размислува за алтернатива што би можела да ја замени.

За инцидентот на Карибите, британската палата не се огласи за медиумите, но соработниците потврдија дека посетата на фармата е откажана.

 

Слични објави

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.
Се вчитува....