02:55 - 3 април, 2026

(Видео) Познатата холивудска ѕвезда Аманда Бајнс повторно е приведена, сега се прават проценки за нејзиното ментално здравје

Полициската управа на Лос Анџелес ја уапсила поранешната тинејџерска ѕвезда Аманда Бајнс и ја одвела на проценка на менталното здравје, пишува ТМЗ.

Извор од полицијата открил дека тие пристигнале на лице место откако добиле повик за женско лице, кое било „манијакално и неприсебно“. ТМЗ ја идентификувале жената како Бајнс, иако сè уште нема официјална потврда дека тоа навистина била таа.

Во полициската станица, професионална медицинска единица, наводно ќе утврди дали на Бајнс ѝ треба понатамошно лекување.

Ова е вторпат во последниве неколку месеци да ескалираат проблемите со менталното здравје на Бајнс. Во март била ставена во психијатриски притвор, откако била пронајдена како талка гола по улиците.

Очевидец тогаш рекол дека  познатата холивудска ѕвезда, на која претходно ѝ било дијагностицирано биполарно нарушување, влегла во такси-возило без никаква облека и му кажала на возачот дека има психијатриска епизода.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....