На гробот на легендарниот Шабан Шаулиќ, кој е погребан во Алејата на Новите гробишта, неодамна е оставен неверојатен предмет.
Имено, на надгробната плоча била оставена кутија во која има круна со циркони и скапоцени камења.
Околу сините цвеќиња, во средината е поставена мала круна која веројатно претставува асоцијација на титулата што ја носеше Шаулиќ – „крал на народната музика“.
Оваа круна е вистинска атракција, бидејќи речиси секој што минува покрај гробиштата застанува да види за што се работи.
Една од песните на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, кој во 2019 година загина во сообраќајна несреќа на Јутјуб има 9,8 милиони прегледи. Бидејќи на Јутјуб еден милион прегледи вреди до 5.000 евра, овој хит само од овој канал досега заработил околу 40.000 евра.
Неговата песна „Цвета“ има 19 милиони прегледи, па оваа нумера досега заработила најмногу, до 60.000 евра.
