08:43 - 6 април, 2026

(Видео) Никола Роквиќ откри како подготвува посна мусака од лигњи: Рецептот му го дал Жељко Самарџиќ

Пејачот Никола Роквиќ, кој е длабоко посветен на верата и духовноста, на Инстаграм сподели нов интересен рецепт токму во време на Божикниот пост. Од својот дом објави видео во кое покажува како подготвува посна мусака од лигњи, рецепт што му го дал неговиот пријател и колега Жељко Самарџиќ.

„Денес ќе спремам убав ручек, по совет и рецепт од мојот пријател Жељко Самарџиќ. Ќе правам посна мусака од лигњи, велат дека е стар далматински рецепт, па да пробаме,“ рече Никола во видеото.

Потоа додаде:
„Од состојки имаме јадрански лигњи – подарок од мои пријатели – кромид, компири, маслиново масло, бело вино, сол, ловоров лист од манастирот Хиландар, тамјан… Се надевам дека ручекот ќе биде одличен.“

Судејќи по неговата реакција, јадењето совршено му успеало, а нема сомнеж дека и вкусот бил одличен.

Познато е дека Никола во одреден период од животот размислувал да се замонаши, нешто за што неговата сопруга Бојана отворено зборувала. Подоцна и самиот раскажа дека таа му дала благослов за патување кон манастир.

„Имаше моменти кога Никола размислуваше за монашки живот, не во смисла да нè напушти, туку затоа што го влечеше таа духовна длабочина. Тоа е богатство што душата може да го почувствува само на такво место. Кога ќе ја добиеме таа благодат од молитва или пост, тоа е нешто немерливо,“ раскажа Бојана.

Таа додаде:
„Во еден период тој длабоко навлезе во верата и се опкружи со луѓе од тој свет. Но подоцна сфати дека најдобро е духовноста да се внесе во секојдневниот живот. Успеа да најде рамнотежа – да живее здрав духовен живот, а да не биде монашки, што е многу тешко.“

Слични објави

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.
Се вчитува....