7.8 C
Скопје
23:53 - 30 март, 2026

(Видео) Неверојатната Лорин се врати на Евровизија: Ги освои сите, таа е фаворитка на Шведска!

Од 4 февруари до 11-ти март се одржува Мелодифестивален, 63-то издание на шведскиот музички натпревар кој го избира претставникот на Шведска на Евровизија.

Вечерва се емитува четвртиот круг од натпреварувањето, а фаворит за победа на Мелодифестивален е Лорин со песната Тетоважа.

Синоќа беше објавен клип од нејзиниот сценски настап.

Штом се дозна дека Лорин се натпреварува на Мелодифестивален, Шведска скокна на евровизиските обложувалници, иако нивниот претставник се уште не е објавен.

Моментално се први во букмејкерите и ги престигнаа Украинците кои долго време беа на самиот врв.

Заедно со Loreen за победа на фестивалот се борат и музичкиот ансамбл Smash Into Pieces, Mariette, Kiana, Signe & Hjördis, Emil Henrohn и Axel Schylström. Меѓутоа, со оглед на тоа што Лорин веќе ја претставуваше Шведска на Евросонг со песната Euphoria и победи на Евровизија во 2012 година во Баку, јасно е зошто сите анкети се наклонети кон неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOREEN (@loreenofficial)

Фановите на Евровизија се воодушевени од нејзиниот настап. Во последните 24 часа, Твитер собра еден куп објави за Лорин.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....