7.8 C
Скопје
08:42 - 15 март, 2026

(Видео) Најдобрите моменти од наградите „Златен глобус“: Пропуштивте да ги видите, но еве ги!

Неделното 81-во доделување на Златните глобуси беше ноќ полна со славење и забава, а многу моменти од директниот пренос на настанот од Беверли Хилтон добија големо внимание кај јавноста. Сепак, имаше многу моменти зад сцената и за време на рекламите кои публиката на CBS и Paramount+ не можеше да ги види. Имаше сцени полни со нежност, но и многу смеа.

Танцот на Бен Афлек и Џенифер Лопез

Додека се подготвуваа за фотосесија во бекстејџот, Бен Афлек одвои еден момент да танцува со неговата сопруга Џенифер Лопез, создавајќи нежен момент во кој сите уживаа, пренесува Entertainment Tonight.

Тимоти и Кајли

Иако не се појавија заедно на црвениот тепих, Тимоти Шаламе и Кајли Џенер не го избегнаа вниманието во Беверли Хилтон. За време на паузите за реклами, парот сподели неколку бакнежи на нивната маса.

Кен и Џен

Актерот Рајан Гослинг, познат како Кен во хит филмот Барби, и ѕвездата на серијата „Утринското шоу“ и Џенифер Анистон изгледаа многу пријателски расположени додека разговараа за време на паузата за реклами. Анистон и Гослинг речиси се држеа за рака за време на овој разговор.

Селена Гомез и Тејлор Свифт

Двете ѕвезди слатко се изнасмеаа дошепувајќи си нешто што предизвика голем интерес на социјалните мрежи, па видеото е едно од најсподелуваното од моментите на Златен глобус. Корисниците на социјалните мрежи погодуваат дека Гомез и Свифт ја озборуваат Кајли Џенер која е со момчето- актерот Тимоти Шаломе со оглед на тоа што на снимката се слуша неговото име.

Колешките од „Girls“ преслатки (повторно) заедно

Поранешните колешки од „Girls“ Алисон Вилијамс и Ебон Мос-Бахрач беа видени како се смешкаат и се фотографираат заедно.

 

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....