14:15 - 23 февруари, 2026

(Видео) На познатата раперка ѝ пукнаа панталоните на сцената, полицијата на Саудиска Арабија го прекина концертот

Раперката Иги Азалеа (33) во петокот вечерта одржала концерт во Ријад, Саудиска Арабија, но концертот бил прекинат затоа што ѝ пукнале панталоните од латекс на сцената.

Како што пејачката изјави по инцидентот, не се работи за модна несреќа, туку со тој чин испратила порака за зајакнување на жените и со тоа ја принудила полицијата предвреме да го прекине концертот.

Иги на концертот ги извела своите песни полни со пцовки, без цензура, а кога и пукнале панталоните се обиде да сокрие што се случило, па ги повика членовите на тимот да и донесат тренерка.

Инаку, во моментот кога наеднаш пукнаа панталоните, свиреше ремикс на феминистичката химна „Женски свет“ во изведба на Шер.

Иги успеала да изведе уште неколку песни, а потоа полицијата и го прекинала настапот. Таа потоа се огласи на Твитер за инцидентот и им се извини на фановите, а потоа објави дека концертот е откажан поради нејзината феминистичка порака.

„Многу ми е жал што не ми дозволија да го завршам настапот. Властите не ни дозволија затоа што ми пукнаа панталоните“, напиша таа.

Кога еден маж ја прашал дали властите навистина нема да ѝ дозволат да ги смени панталоните и да продолжи да настапува, Иги извикала на сцената:

„Дами, направете врева, тоа е женски свет!“ што, како што тврди, очигледно тоа ги натерало властите да го прекинат концертот.

Познато е дека Саудиска Арабија има строги закони за јавна пристојност, што вклучува и скромно облекување.

 

Слични објави

„Пиев таблети за смирување“ Снежана Ѓуришиќ скршена за својот син кој беше брутално претепан

Еспресо

(Фото) Најдрското издание на Наташа Беквалац: Облечена во боди-танга ги покажа тетоважата и задникот

Еспресо

Неверојатно: Азис собрал над 1 милион евра од своите концерти

E.A.

„Лукас нека не се гржи, никој нема да го убие“: Жељко Шашиќ искрено за случувањата на естрадата

E.A.

(Фото) „Растеме“: Едита Арадиновиќ облечена во тесни хеланки го покажа трудничкиот стомак

Еспресо

Се огласи Ѓоле Ѓогани по шокантните гласини за развод и напуштање на семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....