7.8 C
Скопје
10:22 - 1 април, 2026

(Видео) „Мојот најдобар пријател“: Ирина Дишо емотивно му го честиташе роденденот на сопругот Павле Камилоски

Планинарката и инфлуенсерка Ирина Дишовска со емотивна објава го прослави 40. роденден на својот сопруг, Павле Камилоски.

Таа на социјалните мрежи сподели емотивно видео во кое низ фотографии и снимки ги прикажа најубавите моменти од нивната љубовна приказна – од првото запознавање, преку свадбата, па сè до заедничките денови со нивните две деца, Јосиф и Лена.

Во видеото, Ирина му упати трогателни зборови на Павле: „Од човек кој едвај го познавав, до мажот кој стана мој најдобар пријател, мој љубовник, мој сопруг и неверојатен татко на нашите две деца. Среќен роденден, љубов моја“.

Објавата предизвика бројни реакции и коментари полни љубов и честитки од нејзините следбеници.

Ирина и Павле ја крунисаа својата љубов со брак во февруари 2023 година. Нивниот син Јосиф се роди во јуни истата година, а ќерката Лена ја збогати нивната семејна среќа во јануари 2025 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Kamiloska (@irinadisho)

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....