Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со својот двегодишен син Марио Шерифовиќ.
Малиот е многу зборлив и обожава да комуницира, што пејачката сега го покажа и во симпатичното видео што го сподели.
Имено, Марија го праша наследникот дали ја сака, а тој веднаш рече дека ја сака.
Потоа пејачката го праша што значи тој за неа, а Марио кратко рече „срце“.
Марија Шерифовиќ „пукаше“ од среќа поради неговиот одговор.
