11.8 C
Скопје
10:14 - 23 март, 2026

(Видео) Лејди Гага и Хоакин Финекс во спасувачка мисија на снимањето на „Џокер“

Лејди Гага и Хоакин Финекс се најдоа во необична ситуација при снимањето на филмот „Џокер“ кога еден од нивните колеги паднал додека снимале на култните скали во Бронкс.

Така во јавноста се појавија фотографии од Гага и Финекс како му помогаат на својот колега.

Гага е облечена и нашминкана како Харли Квин (ликот што го глуми) во моментот кога се случил инцидентот.

Таа и Хоакин биле на половина сцена кога еден од членовите на екипата се сопнал преку оградата и паднал. Се чини дека мажот не е сериозно повреден. Случката ги натера Гага и Финекс да ја паузираат сцената и да му помогнат на човекот да се качи по главните скали пред да продолжи снимањето.

Продолжението на „Џокер“ го режира Тод Филипс, кој го напиша и сценариото заедно со Скот Силвер. Гага ја портретира верзијата на ликот на „Ди-си комикс“, Харли Квин, жена психијатар, која се справува со лошите навики на злобниот Џокер, пишува „Вараети“.

Слични објави

(Видео) Елена Велевска: Јас сум најодговорната мајка, децата ми се разбрани

Еспресо

(Фото) „Ме замоли да го направам тоа, ветив, не знаев…“ Дарко Лазиќ сподели трогателна објава за својот покоен брат Драган

Еспресо

Хороскоп за 23 март: Вагите ќе поттикнат креативна љубопитност, Стрелците ќе ги контролираат емоциите

Еспресо

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо
Се вчитува....