6.8 C
Скопје
08:43 - 14 март, 2026

(Видео) Легендарниот борач Халк Хоган се ожени по третпат: Убавата невеста е 25 години помлада од него

Американскиот професионален поранешен борач и актер Тери Џин Болеа, попознат како Халк Хоган, на 70 години реши да се венча со 45-годишната инструкторка по јога и сметководителка Скај Дејли, која ја запросил во јули, пренесува TMZ. За нивната свршувачка, во ресторан во Тампа ѝ подарил прстен со дијамант од шест карати вреден 100.000 долари.

Тајната и скромна венчавка се случила на Флорида, а на венчавката биле присутни само блиски роднини и пријатели. Сепак, според таблоидот, 35-годишната ќерка на Хоган, Брук, не била на прославата.

Скај Дејли стана трета сопруга на борачот. На венчавката тој носеше едноставен црн смокинг, а невестата – светкав бел фустан без прерамки, со нагласено деколте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hulk Hogan (@hulkhogan)

Претходниот брак на Хоган со Џенифер МекДаниел траеше од 2010 до 2021 година, а пред тоа тој беше во брак со Линда Хоган од 1983 до 2009 година. Во овој брак се родени две деца.

Боречката легенда почнал да се забавува со Дејли откако неговиот развод од МекДаниел беше финализиран пред речиси една година. Двојката првпат беше забележана заедно зад сцената за време на концертот на американскиот пејач Брет Мајкл на 26 февруари 2022 година. Минатиот март Хоган ја потврди својата нова врска.

Што се однесува до Скај, таа исто така е двапати разведена, има три деца – деветгодишна ќерка и два сина, кои имаат 14 и 16 години.

 

Слични објави

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо
Се вчитува....