07:35 - 6 април, 2026

(Видео) Коки Јанков по подолга пауза се враќа: „Вакви песни не се раѓаат преку ноќ“

„Се надевам дека ќе ѝ се допадна на публиката, а искрено верувам дека ќе биде така. Вакви песни не се „раѓаат“ преку ноќ, за вакво нешто се чека, се мисли буква по буква, нота по нота“, вели Коки Јанков.

После подолга пауза, со нов музички проект изненади познатиот музичар Коки Јанков. Вчера на социјалните мрежи тој ја промовираше неговата најнова песна со наслов „Муабет“.

Станува збор за песна на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму Коки, додека пак аранжманот е на Дејан Георгиевски – Ѕене. За новата песна Коки сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на познатиот Дарио Јанковиќ.

„Се надевам дека ќе ѝ се допадна на публиката, а искрено верувам дека ќе биде така. Вакви песни не се „раѓаат“ преку ноќ, за вакво нешто се чека, се мисли буква по буква, нота по нота… Лесно е денеска да извадите песна, симнете битови, напишете две реченици и наречете го тоа песна“ – вели Јанков, а на прашањето дали е ова можеби негова автобиографска песни, тој ќе каже:

„Не би сакал да откријам, ете вие сами процнете дали е или не е. Се шегувам, мислам дека многу луѓе би можеле да се пронајдат во неа, па ете, зошто да не и јас“  – накусо искоментира познатиот музичар.

 

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....