02:21 - 6 април, 2026

(Видео) Ким Кардашијан во хорор филм – погледнете го трејлерот на новата сезона на „American Horror Story“

Последната сезона на антологиската серија наречена „Delicate“, е заснована на романот „Delicate Condition“ на Даниел Валентин, зборува за жена која верува дека некој се обидува да ја спречи да има дете. Иако трејлерот воодушеви многу фанови, веста за улогата дадена на Ким Кардашијан во серијата предизвика различни реакции.

Љубителите на хорор филмовите наскоро ќе уживаат во новата сезона на „American Horror Story“.

Ким поминала низ вистинска трансформација за нејзината улога во најновата сезона на хит серијата и изгледа целосно непрепознатливо во првиот трејлер за 12-та сезона од морничавата серија. Во трејлерот Ким носи долга бела перика и црн фустан, а во рацете држи дете додека во позадина се слуша морничавата верзија на „Rock-A-Bye Baby“.

Нејзината кожа е со бела боја, што е остар контраст со нејзиниот впечатлив црвен кармин и драматични трепки. Нејзините колешки Ема Робертс и Кара Делевињ се облечени во слична облека и наликуваат на безлични фигури, носејќи ја истата бела перика и изведувајќи морничав танц.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....