7.8 C
Скопје
23:59 - 22 март, 2026

(ВИДЕО) Како во „STAR TREK“: Доктор од НАСА телепортиран со холограм до Меѓународната вселенска станица!

Првиот успешен експеримент „холотранспорт“ е успешен, а сцените од „Ѕвездени патеки“ стануваат реалност!

Хирург на НАСА и неговиот тим биле успешно телепортирани со холограм во Меѓународната вселенска станица (ISS) за да разговараат и да комуницираат во реално време со астронаутите.

Тоа се случило лани – во октомври, но американската вселенска агенција ја објави веста вчера.

Експериментот беше спроведен со астронаутот на Европската вселенска агенција (ESA) Томас Пескет, кој се врати на Земјата во ноември 2021 година. Тоа е првиот „холотранспорт“ експеримент помеѓу Земјата и вселената, спроведен благодарение на технологијата на Мајкрософт.

„Тоа е сосема нов начин да се комуницира на големи растојанија“, вели хирургот на НАСА, Јозеф Шмид, кој беше протагонист на ова необично искуство минатиот октомври.

„Тоа е многу нов начин на истражување, во кој нашиот човечки ентитет може да патува надвор од планетата. За разлика од традиционалните холографски проекции кои изгледаат суспендирани во воздухот и може да ги види секој, холотранспортот бара употреба на слушалки за зголемена реалност (како што е технологијата Хололенс на Мајкрософт) за да може носителот да ја согледа и да комуницира со поединецот (на пример, доктор) кој е на далечина, снимен од повеќе камери“, објаснува докторот.

Во овој случај, астронаутот на ЕСА, Томас Пескет, кој ги носеше слушалките на ISS, можеше да разговара со д-р Шмид, неговите членови на персоналот и Фернандо Де Ла Пена Лака, управниот директор на Aexa Aerospace кој го разви софтверот за холотранспорт за компјутерот користен од Пескет.

Иако технологијата на Мајкрософт е достапна веќе некое време, до сега таа никогаш не била користена за поврзување на луѓето од Земјата со вселената: можност што ќе биде многу корисна во долготрајните мисии, за да им овозможи на астронаутите да се консултираат со лекарите и со техничарите.

Во моментов, НАСА планира да користи холотранспорт за да им овозможи на астронаутите во орбитата да вршат медицински прегледи и да се сретнат со членовите на семејството, но и да донесат познати личности да ја посетат ISS.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....