10.8 C
Скопје
20:31 - 3 март, 2026

(Видео) Италијанец тргна во Шпанија по автограм од Шакира за неговото Твинго: Неверојатно, Шакира му се потпиша на вратата од автомобилот!

Во одмаздничката песна Music Sessions Vol 53, Шакира ги „асфалтираше“ Жерар Пике и неговата нова девојка (всушност долговечна љубовница) Клара Чиа Марти со впечатливи фрази кои го обиколија светот. Како познатата фраза „Си замени Ферари за Твинго“. Самиот Пике, минатиот јануари, се пошегув за таа многу зборувана реплика кога се појави на фудбалски настан со бело Твинго.

Сега пристигна подвигот на Дамијано, италијански обожавател на поп-ѕвездата: момчето влезе во неговиот автомобил и отпатува за Барселона за да добие автограм од Шакира и тоа токму на

задната врата од неговото Твинго. Всушност, оваа задна врата не му припаѓа на автомобилот со кој Дамијано отпатувал од Италија за Шпанија во потрага по Шакира: вратата за автограм била специјално откачена и натоварена во багажникот!

Дамијано снимил сè: подготовките за патувањето, пристигнувањето пред куќата на Шакира, кратката средба со пејачката која, сепак, не сакала да потпише ништо. Но Дамијано не се откжал. Набргу потоа, братот на поп-ѕвездата, Тонино, прифатил да ја земе вратата од Дамијано, да ја однесе дома кај Шакира и најпосле излегол со автограмот од Шакира по кој Италијанецот толку долго  копнееше.

Видеото од подвигот, поставено е на TikTok, и веднаш стана вирално.

@damianocavadi

Shakira mi firma la Twingo 😱 #shakira #shakirachallenge #bzrp #shakiraypique @Shakira @bzrp

♬ suono originale – Damiano Cavadi

Не е првпат Дамијано да постигне „невозможна мисија“. Пред извесно време, всушност, тој успеа да ја добие на подарок капата што ја носеше папата Франциско. Зафат кој му донесе и гостување во една популарна италијанска емисија.

Овој пат момчето успеа да добие автограм од Шакира на задната врата на неговото Твинго. А со неговото снимање, ни откри и дека гневот на Колумбијката против нејзината поранешна свекрва Монсерат Бернабеу воопшто не стивнува: познатата кукла на вештерка, како што покажа и неговото видео, сè уште е изложена на балконот на поп-ѕвездата, свртена како и секогаш кон куќата на мајката на Пике.

Слични објави

Вистината од семејниот дом на легендарниот Шабан Шаулиќ: Пејачот носел перика цели 10 години

E.A.

(Фото) Александра од МТВ го покажа синот Лука: Таа и сопругот имаат уникатна љубовна приказна

Еспресо

(Видео) Водителката Сања Маринковиќ наполни 52 години: Толку е младолика, што никој не би ѝ дал толку!

Еспресо

Марија Шерифовиќ земала 2 работи од канцеларијата на Саша Поповиќ: Едната ја користел 30 години!

E.A.

(Фото) Ноне гордо го покажа деколтето, животот на брод ѝ годи

Еспресо

(Фото) „Помогнете ми“: Чомбе од „Луд, збунет, нормален“ откри дека си има мака со член на семејството

Еспресо
Се вчитува....