7.8 C
Скопје
09:23 - 31 март, 2026

(Видео) Грчки инфлуенсер падна во провалија снимајќи видео за фановите: Фатален крај за „лајкчиња“

Грчкиот фитнес инфлуенсер Џорџи „Цане“ Џанелиџе (23) почина во средата. Паднал во провалија во Италија, снимајќи видео кое сакал да го објави на социјалните мрежи, пишува „Пипл“

Според грчки „Етнос“, несреќата се случила за време на неговата посета на Рогуди Векио, Калабрија, античко планинско село напуштено во седумдесеттите поради силна поплава. Додека стоел на балкон без ограда, се лизнал и паднал во провалија.

 

И покрај напорите на пожарникарите, кои веднаш излегле на местото на настанот, тие не успеале да го спасат. На крајот биле повикани хеликоптери да го извлечат неговото тело поради длабочината на клисурата. Оттаму, неговото тело било пренесено во градот Салин Јониче, каде што било предадено на властите.
Пријателот на Џанелиџе, Крис Когијас, кој бил со него патувањето, ја потврди веста за смртта.

 

„Цане повеќе не е со нас. Тој не остави вчера попладне за време на патувањето во Италија. Да се помилиме за неговата душа и нека почива во мир“, изјави Когијас, кој исто така е влијателен на социјалните мрежи.

Џанелиџе, кој е роден во Грузија, но живеел во Грција, има над 100.000 следбеници на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....