11:03 - 31 март, 2026

(Видео) ФСБ објави видео од осомничениот Циганенко за убиство на Дугина: На граница не предизвикува сомнеж, потоа се среќава со Вовк

Федералната служба за безбедност на Русија прикажа видео со снимка од движењето на украинскиот државјанин Богдан Циганенко, кој е осомничен за убиството на Дарија Дугина, ќерката на филозофот Александар Дугин, пренесува РИА Новости.

Од натписите на видеото, произлегува дека Циганенко на 30 јули влегол на територијата на Русија со украински пасош. Забележано е дека неговиот документ не предизвикува сомнеж за неговата автентичност.

ФСБ покажа и снимка од движењето на Циганенко низ Москва со Наталија Вовк и замената на броевите на автомобилите од Народна Република Доњецк со казахстански.

 

Претходно ФСБ објави дека во убиството на Дугина е вмешано уште едно лице, специјалната служба го смета за член на украинската диверзантска група.

На 20 август, руската новинарка Дарија Дугина загина како резултат на експлозија на автомобил. Таа се враќала од фестивалот Традиција, каде што нејзиниот татко, филозофот Александар Дугин, одржал предавање.Според руската полиција осомничена за убиството на новинарката е државјанката на Украина Наталија Вовк, која со својата ќерка пристигнала во Русија на 23 јули и ја напуштила земјата на 20 август.

 

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....