8.8 C
Скопје
08:55 - 23 март, 2026

(Видео) Фонтаната кај Шпанските скали во Италија обоена во црно – „навестување за крајот на светот“

Тројца активисти од организацијата Last Generation истуриле течен јаглерод врз основа на растителни екстракти во познатата фонтана, барокно ремек дело од 17 век, сместено во подножјето на Шпанските скали (Scalinata della Trinità dei Monti), пред да бидат избркани од полицијата.

Фонтаната во облик на брод ја дизајнираше познатиот италијански скулптор Пјетро Бернини.

Во соопштението за медиумите на организацијата Last Generation се наведува дека промената на бојата на водата во фонтаната во црна е „навестување за крајот на светот, сценарио кон кое се движиме додека притискаме посилно и потешко на педалата за гас: навестување на суши наизменично со разорни поплави, кои ќе стават крај на животот на Земјата“.

Минатата година, пред општите избори, организацијата почна да одржува мирни, но непријатни протести низ Италија, при што нејзините членови ги повикаа политичарите од сите партии да ги стават климатските промени меѓу нивните приоритети.

Протестите во Италија се дел од низата акции кои организацијата ги одржува низ Европа, а целта им е да привлечат внимание на климатските промени.

Во претходните акции, активистите истураа супа, пире од компири или боја што може да се пере врз бројни уметнички дела во музеите ширум светот.

Слични објави

(Фото) „Ме замоли да го направам тоа, ветив, не знаев…“ Дарко Лазиќ сподели трогателна објава за својот покоен брат Драган

Еспресо

Хороскоп за 23 март: Вагите ќе поттикнат креативна љубопитност, Стрелците ќе ги контролираат емоциите

Еспресо

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо
Се вчитува....