01:33 - 9 април, 2026

(Видео) Џони Деп се врати како пират! Видео-играта којa сам ја дизајнирал е хит во најава, погледнете го краткиот филм

Изненадување: откако за неколку часа ги продаде своите 780 слики, Џони Деп се враќа на глумењето пират за краткиот филм „Adventure’s Game“, кој во целост можете да го погледнете во статијата.

Откако го остави судењето на Амбер Херд зад себе, Џони Деп ги изненади фановите со новиот мини-филм наречен „Adventure’s Game“, дизајниран за видео играта „Sea of ​​Dawn“ за мобилни телефони. Краткиот филм е направен од кинескиот производител на игри Mosasaur Studio и споделен на интернет од Superpixel.

Во четириминутното видео, Џони Деп го толкува ликот на ексцентричен поморски авантурист и шармер по име Филип Артуш.

Очигледно, обожавателите на Пиратите од Карибите не можат а да не помислат на легендарниот капетан Џек Спароу, лик кој дури и му донесе на Џони Деп номинација за Оскар за најдобар актер, и кој има повеќе од една заедничка точка со новиот Филип Артуш, како што е тешката шминка и костимот.

Дополнително, во видеото од зад сцената што го придружув објавувањето на краткиот филм, Џони Деп открива дека тој лично го создал ликот во целосна автономија.

Актерот, исто така, признава дека бил длабоко вклучен во продукцијата на Sea of ​​Dawn („Море на зората“).

Затоа се очекува во наредните часови само да се засили навивањето на фановите за враќање на Џони Деп како Џек Спароу во продожението на Пиратите од Карибите.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....