20:43 - 6 април, 2026

Весна Змијанац ја вознемири јавноста: „Едвај одам, само да ме послужи здравјето…“

Познатата пејачка Весна Змијанац денес слета во Белград по настапите што ги имаше низ Европа, а по пристигнувањето искрено им се пожали на новинарите дека едвај оди.

„Гардероба, куфери, туширање и кревет. Каков хедонизам, едвај одам… Добив воспаление на мускулите, сите аеродроми се толку огромни што е страшно“, изјави Змијанац за белградски „Блиц“.

Пејачката нагласи дека се радува на големиот претстоен концерт и дека најмногу се надева на добро здравје.

„Сега почнуваат подготовките. Да помине оваа празнична гужва и малку да ги проретчам настапите… Немам трема. Само здравјето да ме служи. песните веќе ги имаме“, рече Весна.

На прашањето дали размислува за гости на концертот, откри неколку имиња: „Како гостин ќе го имам Славко Бањац. Исто така, ќе го викнам и Дино Мерлин, тој мора да се реваншира… А можеби ќе дојде и ќерка ми Николија.

Змијанац се осврна и на моментот кога Харис Џиновиќ неодамна ја пееше нејзината песна „Јорговани“ и, наводно, не го знаеше текстот.

„Ма го знае текстот, толку пати ја има пеено“, со насмевка изјави Весна.

Слични објави

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо
Се вчитува....