9.8 C
Скопје
20:16 - 23 март, 2026

Верица Ракочевиќ денес полни 78 години! Сопругот Вељко ѝ честиташе јавно: „Уште долго пркоси му на времето“

Верица Ракочевиќ наполни 78 години, а нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ ѝ честиташе преку Инстаграм со посебна порака покрај нејзината фотографија.

„Медо, среќен ти прекрасен ден. Остани засекогаш своја и посебна, поместувај ги границите и уште долго пркоси му на времето и законите на физиката. Те сакам, твојот сопруг“, ѝ порача Кузманчевиќ, со кого е во брак веќе 13 години.

Инаку, нивната љубов предизвикува големо внимание, бидејќи Вељко е 35 години помлад од Верица. Тој неодамна откри како изгледало нивното запознавање и ја раскажа приказната за почетокот на нивната надвременска љубов.

Вељко призна дека Верица првично не ја разбрала неговата порака и веднаш му одговорила одбивачки:

„Тогаш знаев кој е Верица, но не знаев точно дека е креаторка, не знаев детали. Само видов каков настан ќе биде по повод нејзината ревија и помислив дека би било супер да се следи со симфониски оркестар и да биде вистински спектакл. Замислив колку би било прекрасно и ѝ испратив порака на Фејсбук да прашам дали би можеле да соработуваме. Замисли што ми рече: ‘Јас не правам машки модели’. Кога ѝ ја раскажав целата идеја, рече дека тоа би било одлично, и така започна сè“, откри Вељко за ТВ Хајп.

Слични објави

Зошто Азис му го сврте грбот на својот „творец“ Бони?

E.A.

(Видео) Хаусер свиреше руска песна на Инстаграм, па му ги откажаа сите концерти во балтичките земји

Еспресо

(Фото) Баба од соништата: Сава, сопругата на Лозано, ја покажа мајка си со посебен повод

apostolova

Весна Чипчиќ, жената со најубавата насмевка: „Најголемиот колапс во мојот живот е разводот по 23 години“

Еспресо

Сослушан Здравко Чолиќ: Еве што кажал за бомбашкиот напад и осомничените

Еспресо

Ќерката на Кнез е бремена: Ксенија Кнежевиќ очекува бебе со бизнисмен, планираат голема свадба

Еспресо
Се вчитува....