Ѓорѓе Давид смета дека пејачот треба да биде заменет со помлад колега!
Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, почина минатата среда во Љубљана, по компликации предизвикани од пневмонија. Познатиот рокер беше погребан во саботата во родниот Чачак, а голем број колеги дојдоа да го испратат на вечнoто почивалиште и да му оддадат почит.
Сега се огласи Ѓорѓе Давид, кој апелираше до членовите на бендот Рибља чорба и до јавноста да продолжат да работат со нов млад пејач.
Ѓорѓе Давид вели и дека како загрепските Парни ваљак, кога наместо големиот Аки Рахимовски кој почина го зедоа младиот Игор Дрвенкар, така и најголемиот белградски бенд на сите времиња, но и на цела Србија, „заслужуваат и понатаму да се возат на добриот рокенрол ветер“.
– Мислам дека Србија заслужува да ја задржи Рибља чорба и дека би било идеално да се најде нов млад човек кој би продолжил како пејач на таа позиција на фронтмен на бендот. Мислам и дека се работи за идентитетот на нашиот рокенрол. Рибља чорба не смее да се заборави, а би било фер за идните генерации и за сите нас кои Бора ги ’отру’ со рокенрол“ да продолжиме со неговата работа – изјави музичарот и поранешен пејач на Генерација 5.
Зборувајќи за зачувувањето на споменот на Бора, тој повика и на организирање на голем рок концерт со останатите членови на Рибља чорба, на кој ќе се собере „се што е добро и се што има квалитет на рокенрол сцената“ .
Тој за српските медиуми изјави и дека наскоро ќе снима спот со преработка на една од песните на Бора бидејќи, како што вели, „Мислам дека заслужува таков подарок од мене“.
Сестрата на Бора Чорба не дојде на погребот: Биља Крстиќ испрати емотивна порака