1.8 C
Скопје
16:47 - 23 декември, 2024

Ведрана Рудан се прости од Бора Чорба со колумна: „Бора е дел од мојата душа онака како што никогаш нема да бидат луѓето што ги познавам од раѓање“

ведрана рудан

Завчера почина легендата на српскиот и југословенскот рок, Бора Ѓорѓевиќ, а од истакнатиот музичар и фронтмен на „Рибља чорба“ се прости и хрватската писателка Ведрана Рудан со колумна насловена „Почина најголемиот“.

Колумната на Ведрана Рудан ја пренесуваме во целост:

„Си замина Бора Чорба.  „Не можеш да пишуваш за Бора“, ми рече сопругот, „не го познаваше“. Не навлегов во дискусија Бора е дел од мојата душа онака како тоа никогаш нема да бидат луѓето што ги познавам откако сум се родила. Треба ли некого да „познавате“ за да ти биде близок онака како што Бора ми беше мене и на стотици илјади други кои истотака не го „познаваа“.  Не се разбирам од музика, не ја слушам често, но песните на Бора отсекогаш ми биле повеќе од музика. Утеха, помош да ја погеднам вистината во очи. Кога одевме на пат со автомобил, го слушав само него, па пак него и него.

Кога целосно изгубена седам дома и тупаво зјапам во ѕидот обземена со своите демони, го слушам Бора, Бора па пак Бора. Топлина, очај, глас на губитник кој со рапав глас на мене губитничката очајнички ми ја зборува мојата приказна, тоа е она што никој, најмалку неговата смрт, не може да ми го земе. Бора е мој брат, мој херој, мој поет над поетите, мојот стап додека талкам низ животот во потрага по цврсто тло.

„Погледај дом свој, анџеле“, може денес да биде химна баш на секоја земја на планетата. Бора е без каква било конкуренција најголем рок поет на овие никогаш наши простори кои за жал станаа нивни. Бора беше „четник“, пишуваат овие денови.

Четник? Гајле ми е ако бил „четник“, јас и не знам кој е „четник“. Мене четник ми е на пример Пленковиќ кој на секоја хрватска мајка или ѝ го одзеде детето или го убиваше со глад. Тој Хрватска ја претвори во прав и пепел, ниту едн четник во тој злочин не му е и не може да му биде рамен. И Хрватска е дом кој би требал да го погледне Бориниот ангел, ама тоа не му паѓа на памет.

Ме теши дека стравовладата на нашиот четник еднаш ќе цркне. Гласот на Бора ќе ѕвони довека. Јасно ми е, тотално е непримерно во ист текст да се спомнуваат Бора „четникот“ и Пленковиќ разбојникот, но знам дека мојот драг „четник“ поради ова богохулење нема да се вознемири. Баш му е гајле нему што ти околу него мислат.

Го вртеше својот филм кој беше и мој и кој се уште е мој и ќе биде мој додека дишам. Драг Бора, во далечната 1989 година бев на твојот концерт во Риека во Хрватскиот народен театар. Пееше „во случај на граѓанска војна, летајте со авионите на ЈАТ“. Цел театар се смееше онака како во тоа време се смееја сите на кои некој ќе му спомнеше граѓанска војна во Југославија. Граѓанска војна во земјата на братството и единството? Ха, ха, ха…

Еднаш те сретнав на Радио Риека. Ме восхити твоето чисто, речиси лице на девојче. Ми изгледаше како маска која го крие лицето на мажиштето со груб глас и уште погруб јазик. Ни гласот не ти беше груб. Бев збунета. Дали тоа тивко, пристојно момче е Бора Чорба?

Сите ние имаме илјада лица, сите ние сме добри или лоши глумци, ништо нашите лица или нашите зборови за нас не можат да кажат. Затоа си, Бора, за некои читник, блазе им на оние кои се знаат, а за мене секогаш ќе бидеш само лек за душата моја“, пишува во својата колумна Ведрана Рудан.

Маја Оџаклиевска за Бора Чорба: „Одамна ми кажа дека ќе биде многу популарен“

Слични објави

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо
Се вчитува....