Светлана Цеца Ражнатовиќ се присети на Ксенија Пајчин, која трагично го загуби животот на 16 март 2010 година, кога беше убиена од тогашниот партнер Филип Каписода, кој потоа си го одзеде и сопствениот живот.
Трагедијата, која се случи пред точно 16 години, силно ја потресе естрадата, а колегите и пријателите и денес не кријат колку им недостига Ксенија.
Цеца, доаѓајќи на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, се потсети на пејачката со многу емоции.
„Јас ја паметам во најпозитивна смисла, ведра, весела, девојка, преталентирана, толку ми е жал“, изјави Цеца за „Блиц“.
Ниту оваа година семејството не ја заборави годишнината од нејзината смрт.
Според српските медиуми, мајката на Ксенија, Љубица Костиќ, вчера заедно со членовите на семејството била на гробиштата за да го посети местото каде што почива нивната непрежалена ќерка. На нејзиниот гроб биле оставени свежо цвеќе и запалени свеќи, а во тишина ѝ била оддадена почит.
Луѓе вработени на гробиштата изјавиле дека атмосферата била тивка и достоинствена. На гробот имало букети со рози, лилјани, каранфили и друго цвеќе, внимателно положени покрај фотографијата на пејачката.
И по 16 години, болката по нејзината загуба не стивнува. Љубица Костиќ во текот на сите овие години се труди да го сочува споменот на својата ќерка, редовно одбележувајќи ги важните датуми поврзани со нејзиниот живот и кариера.
Во времето пред трагедијата, Ксенија Пајчин и Филип Каписода важеа за еден од најубавите естрадни парови. Нивната врска, сепак, станувала сè побурна. Во еден период дури и раскинале, кога Каписода влезе во реалното шоу „Големиот брат“, но по неговото излегување тие повторно ја обновиле врската и почнале да живеат заедно.
Ксенија тогаш јавно зборуваше за својата љубов со Филип.
„Никогаш никој не ме сакал толку како Филип. Не мора ни да зборуваме, доволно е само да се погледнеме. Тој ме познава подобро отколку што јас самата се познавам“, велеше тогаш пејачката.
Неколку месеци пред трагедијата, Ксенија доживеа и сообраќајна несреќа со Каписода, во Липовачка шума кај Белград. Тогаш таа поминала со полесни повреди, откако автомобилот излетал од патот и удрил во трафостаница.
На 16 март 2010 година, јавноста ја потресе веста дека Ксенија е пронајдена мртва во својот стан, а покрај неа лежело и безживотното тело на Филип Каписода.
Според сведоштво на сосетка, околу 17 часот сосед од спроти зградата слушнал вресоци од станот на Ксенија, а нешто подоцна нејзиното куче Милисав почнало необично да лае. Тој заѕвонил на вратата, но никој не отворал. Бидејќи не сакал да се меша, се повлекол, но сепак ја повикал мајката на Ксенија, Љубица, која веднаш дошла. Кога влегла, ги видела телата на Ксенија и Филип во локва крв, раскажала тогаш сосетката за медиумите.
