06:06 - 6 април, 2026

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Продолжи традиционалната активност со која Клиника Жан Митрев додели уште 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за семејствата кои имаат новороденче во Општина Центар. Доделувањето ваучери за бесплатен преглед е дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар.

Бесплатниот преглед опфаќа целосен преглед на новороденчето од  специјалист педијатар во Клиника Жан Митрев и советување на родителите за понатамошна нега. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да одберат термин кој најмногу им одговара и да закажат преглед за своето бебе. Бројот за закажување прегледи е 02/3091-484.

Целта за овие бесплатни прегледи е намерата на Клиника Жан Митрев да придонесе за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.

Комерцијален текст.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....