18:23 - 23 февруари, 2026

Вандали осквернавија споменик на културата во Фиренца стар 460 години

Уште една историска знаменитост на Италија беше осквернавена од туристи ова лето – Васариевиот коридор, стар 460 години, прекрасен речен коридор поврзан со познатата Уфици галерија во Фиренца, кој беше испрскан со графити на фудбалски навивачи од Минхен.

Васариевиот коридор со должина од еден километар беше изграден од италијанскиот сликар и архитект Џорџо Васари за  помалку од девет месеци во 1565 година.

Осомничени се двајца германски туристи од група од 11 студенти кои престојувале во приватно сместување во градот.

„Карабинерите од оперативната единица во Фиренца и од Карабинерската станица Уфици, анализирајќи го видеонадзорниот материјал, успеаја да ги идентификуваат двете  лица кои, во 5.20 часот на 23 август го оштетиле исклучително важниот уметнички објект”, изјавија фиренцските карабинери за СиЕнЕн.

Италијанското Министерство за култура изјави дека за санација на оштетувањето ќе бидат потребни 10.000 евра за работа што ќе бидат извршени под надзор на воооружаена стража 24 часа.

Двајцата осомничени, на возраст од 20 и 21 година користеле спреј со боја за да пишуваат на древната структура. Во четвртокот собата во која биле сместени била претресена по наредба за истрага при што се пронајдени два спреја со црна распрскувачка боја и обоена облека.

 

Слични објави

Прва фотографија од сопругот на Деа Ѓурѓевиќ: Запознајте го Лазар, нејзината љубов од училишните денови

E.A.

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо

„Колку килограми се здебели, веќе немаш врат?!“: Сара Јо без шминка и во пижами одговори на грубото прашање

Еспресо

Уапсена малолетничката која гасела цигари на јазикот на брутално мачениот син на Снежана Ѓуришиќ

Еспресо

„Пиев таблети за смирување“ Снежана Ѓуришиќ скршена за својот син кој беше брутално претепан

Еспресо

(Фото) Најдрското издание на Наташа Беквалац: Облечена во боди-танга ги покажа тетоважата и задникот

Еспресо
Се вчитува....