Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна, го прослави својот роденден на романтично патување во Виена, каде што уживаше со својот дечко. Двајцата уживаа во прекрасното патување, а тој ја искористи оваа можност да ја изненади со скап подарок за роденден.
На својот инстаграм-профил, таа објави серија фотографии од Виена, каде што покажа како уживала во кратко патување со својот емотивен партнер.
View this post on Instagram
По овој повод, таа доби и спектакуларен подарок од него. Имено, за роденденот, во нивната хотелска соба пристигна огромен букет црвени рози, додека часовникот „Картие“ вреден околу 7.000 евра Уна самата си го избра.
Двајцата уживаа и во вечери во луксузни ресторани и обиколка на градот, а Уна ја упати својата желба за роденден точно на полноќ, додека дуавше свеќа на мало колаче.
